Два домаќински трика кои ќе ги извлечат сите непријатни мириси од вашата облека: Лесно, едноставно и без потрошен денар!

Проверено функционираат!

Овие два едноставни и фантастични трикови ќе ги извлечат апсолутно сите непријатни мирис што се вовлекле во вашата гардероба

Секој што се занимава со какво било тренинг, знае колку облеката во која вежбате може да мириса непријатно кога ќе се натопи со пот. Исто така, гардеробата може да впие најразлични мирис, како мирис од храна, тутун, влага…

Постојат ситуации кога дури ни перењето во машина со стандарден детергент не успева да ги извлече непријатните мирис. А ни долгото проветрување не дава резултати. Тогаш, време е да пробате некои домашни решенија кои ќе ѝ го вратат на облеката пријатниот и свеж мирис.

Сода бикарбона

Заедно со детергентот додајте една шолја сода бикарбона – овој метод ја извлекува смрдеата од облеката. Исто така, многумина што го пробале овој начин на перење велат дека облеката, дури и по потење и мирисала многу помалку од порано.

Алкохолен оцет

Потопете ја облеката во машина со краток циклус со ладна вода и потоа додајте шолја алкохолен оцет. Потоа, исперете ја облеката на стандарден начин, со топла вода и со детергент.

Исто така, многу е важно да внимавате на следниве работи:
  • Пред перењето превртете ја облеката од внатрешната страна, бидејќи тука се собираат потта и бактериите од вашето тело.
  • Исперете ја облеката што е можно порано по носењето.
  • Ако сте во можност, веднаш извадете ја испотената облека, без разлика дали ја чувате во пластична кеса или торба за тренинг.
  • Немојте да употребувате повеќе детергент одошто е препорачано или да ја преполните машината. Поради овие грешки, облеката потешко се пере.
8 грешки за време на перење: Не сте ни свесни колку ја уништувате облеката!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.