Пригответе го сами врвниот француски десерт „мил феј“

Еве како!

Овој популарен десерт ни доаѓа од француската кујна, а еве што е потребно за негово приготвување во домашни услови.

Состојки:

Кора: пакет лиснато тесто, 1 жолчка, малку неутрална павлака.

Крем: литар млеко, 10 жолчки, стапче ванила, 150 г шеќер, 100 г нишесте, 100 г путер.

Декорација: свежи малини, боровинки, рибизли, капини, лист нане и шеќер во прав.

Приготвување:

Кора: развијте го лиснатото тесто до дебелина од 2 мм. Наредете го во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги листовите со смеса од 1 жолчка и малку неутрална павлака.

Печете ги во претходно загреана рерна на 170 степени, 8 минути. Изладете ги испечените ливчиња тесто.

Крем: сварете го млекото со ванилата. Во друг сад, соединете ги жолчките, шеќерот и нишестето матејќи со жица.

Кога ќе зоврие млекото, 2/3 од него додајте во изматените жолчки, промешајте, а потоа вратете сè во преостанатото млеко.

Продолжете со варење мешајќи со лажица додека се згусне кремот. Изладете го и изматете го со миксер.

Сервирање: ливче тесто на чинијата, филувајте со крем, па покријте со друго ливче, повторно крем и наредете рибизли и капини, потоа ставете го и третиот дел од тестото.

Посипете со шеќер во прав и декорирајте со ливче свежо нане.

Текст и фото: „Убавина и здравје“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.