Како до ефикасно пакување во три едноставни чекори?

Бидете подготвени

Кога станува збор за вештини за пакување, малкумина ги знаат триковите на „занаетот“ подобро од стјуардесите. По стотици часови во воздухот, тие се неискористен извор на информации и совети за тоа како најдобро да го спакувате багажот.

„Conde Nast Traveler” разговарале со три стјуардеси за да ги дознаат најдобро чуваните „тајни за багажот“. Усовршете го вашето пакување следејќи ги нивните три врвни совети на организација:

Секогаш прво спакувајте ги тешките работи

Еден од наједноставните, но честопати заборавени совети за пакување е најтешките предмети да ги чувате на дното на куферот, поточно на пократкиот крај каде се наоѓаат тркалата. Ова ќе ви го олесни управувањето со куферот ако тежината е на таа страна. Придружниците на летот таму ги ставаат своите чевли и козметика, што предизвикува изненадувачка разлика додека се во транзит на аеродромот.

Паметни полначи

Полначите се задолжителни кога патуваат, така што стјуардесите го користат овој корисен совет за да избегнат да зафатат скапоцен простор – пакувајте една мала екстензија за излез што може да претвори еден излез во три USB приклучоци, елиминирајќи ја потребата за дополнителни приклучоци и полначи. Значи, потребни ви се само USB кабли, а не дополнителни полначи.

Секогаш носете шал или марама

Без оглед на вашата дестинација, стјуардесите тврдат дека едно нешто мора секогаш да се наоѓа во вашиот рачен багаж: голема шал или марама. Завиткајте го преку раменицитее ако ви е студено или користете го како ќебе или претворете го во перница.

Прочитајте и: Постои ли ризик да се заразиме со корона на море или езеро? Колку се сигурни организираните плажи и на што најмногу треба да внимаваме?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.