Полнети потпечени пиперки за 6 лица

Приготвување: 20 минути, печење: 30 минути

За полнење, користете помеснати пиперки, а може да користите и бабури. Добар апетит!

Состојки:

  • 4 црвени пиперки
  • 300 г урда
  • 2 јајца
  • 120 г шунка
  • 30 г пармезан
  • 1/2 лажиче оригано
  • 2 резанки бајат леб
  • 50 г лешници
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол

Приготвување:

Во сад се соединуваат урдата, јајцата, ориганото, ситно сечканата шунка и пармезанот. Се додава малку сол по желба и добро се меша.

Пиперките се мијат, па вертикално, заедно со дршките, се сечат наполу. Се чистат од семките за да се направи простор за полнење.

Со филот од урдата се полнат пиперките. Плехот за печење се обложува со хартија за печење и во него се редат полнетите пиперки.

Бајатиот леб се сече на коцки и се пржи малку на маслиново масло. Се остава да се олади, па заедно со лешниците крупно се меле.

Со мешавината од лебните трошки и од лешниците рамномерно се посипуваат полнетите пиперки.

Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека пиперките омекнат, а филот се зацврсти.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.