Постои ли ризик да се заразиме со корона на море или езеро? Колку се сигурни организираните плажи и на што најмногу треба да внимаваме?

Летото се ближи, па сосема е разумно што многумина се прашуваат како коронавирусот ќе се однесува овој период.

Дали капењето во море и во други природни води е сигурно?

Чарлс Герба, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот во Аризона, објаснува дека вирусите генерално потешко преживуваат во солена вода. Истото се очекува и од коронавирусот.

Проблемот со водата која не се дезинфикува е тоа што заразената личност може да ја пренесе инфекцијата на други лица. Затоа е многу важно додека пливате да се оддалечите едни од други. Освен од плунката на човекот, вирусот може да влезе во водата и преку фекалиите, па така пливање во загадена вода е речиси исто како да имате контакт со заразено лице“, вели Чарлс.

Вирусот е присутен и во плунката и во мукусот на инфицирано лице. Вирусот потоа може да влезе во очите, носот или во устата на друг пливач“, тврди Чарлс Герба, професор по вирусологија на Универзитетот Аризона.

Поради големиот проток на вода во езерата и реките, вирусот не би требало да не’ загрижува“, истакнува Роберта Лавин, професорка на Универзитетот во Тенеси. Таа додава: „Има околу еден милион вируси во лажичка морска вода, а околу милијарда во литар. Во огромно мнозинство на случаи, тие не се опасни за луѓето, но важно е да го имаат екосистемот како што го имаме, бидејќи од некои, како што е ротавирусот, можеме да се разболиме и да имаме дигестивни проблеми“.

Врелиот воздух и УВ-зраците го убиваат вирусот, и ветерот го отстранува вирусот, исто така. Можно е да се пренесе коронавирусот во вода, сепак шансите за тоа се мали“, додава проф. Лавин.

Иако нема податоци колку долго коронавирусот може да преживее во морска вода, истражувањето на Герба покажало дека во обична вода коронавирусот може да остане три дена.

Немаме студии за морската вода, но вообичаено вирусите во солена вода преживуваат пократко време“ – тврди Павлос Николајдис, професор по патологија и заразни болести од Универзитетот Аристотел во Солун, во разговор за GRTimes, додавајќи дека дури и да се појави во водата, вирусот тешко би бил во доволно големи концентрации за да зарази некого, бидејќи постојано би бил пренесуван од едно на друго место од брановите.

Досега нема податоци дека некој се заразил пливајќи рекреативно во море или езеро. Ама секогаш има првпат, затоа внимавајте“, велат експертите и додаваат доколку се одржува растојанието поголемо од два метра во вода, а минимум два метра кога сте надвор од неа, плажата и морската вода сами по себе се далеку побезбедни од инфекција со коронавирусот, но интеракцијата при хотелските сместувања, ресторанските услуги, патувањето се друга приказна, велат епидемиолозите.

Фото: Gety I.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.