Има спас: Лекар открил лесни трикови како да избегнете мамурлак

Фото: Getty Images

Најдобар начин да се избегне мамурлак е да се јаде лосос и авокадо измиени со кокосова вода, открива д-р Зак Тарнер, додавајќи дека јадењето здрава храна пред да се опиете може да помогне во спречување на мамурлак.

Лососот и авокадото содржат природни масти кои подолго остануваат во стомакот, што значи дека ја забавуваат стапката на апсорпција на алкохол. Грицкањето неколку јаткасти плодови додека пиете алкохол исто така помага бидејќи тие снабдуваат витамини од групата Б кои се консумираат во организмот кога сте опиени.

Ако сè уште не се чувствувате многу добро по будењето, посегнете по студена чаша кокосова вода што ќе го надополни калиумот.

Чиа семето, исто така, ќе помогне во исфрлањето на токсините од телото. Покрај тоа, секој треба да запомни да пие вода додека консумира алкохол и пред спиење за да избегне мамурлак, советува д-р Тарнер.

Други експерти велат дека јадењето балансиран оброк богат со протеини и маснотии помага да се заштити желудникот од штетните несакани ефекти на алкохолот. Обидете се наместо ќебапи или бурек по забавната ноќ, да јадете овошје богато со фруктоза, како што се грозје или јаболка, што ефикасно го детоксицира црниот дроб од алкохол.

Дури и брз туш следниот ден може да помогне затоа што ја забрзува циркулацијата, што значи дека алкохолот може побрзо да се обработува. И, ако сè уште не се чувствувате сосема свои, цвеклото докажано помага во работата на црниот дроб.

– Пијте вода, многу вода, за време на излегување, а потоа и многу вода пред спиење. Ќе бидете изненадени од тоа како ќе се чувствувате следниот ден. Друг совет за да избегнете мамурлак е да јадете пред да излезете. Општо е познато дека не треба да пиете алкохол на празен стомак, но вистинската храна носи голема разлика. Секогаш треба да бидете внимателни да пиете одговорно и да запомните дека најдобриот начин да избегнете мамурлак е да не пиете воопшто – заклучи д-р Тарнер.

Трикови за да се избегне мамурлак:

  • Јадете печен лосос, авокадо и јаткасти плодови пред и за време на излегувањето
  • Закуска со јаткасти плодови кои содржат витамини од групата Б
  • Пијте многу вода за време на излегувањето и пред спиење
  • Јадете овошје после пиење
  • Пробајте кокосова вода следниот ден
  • Истријте се добро под туш веднаш штом ќе се разбудите
  • Јадете цвекло следниот ден
  • Додадете малку сол во вашата вода
  • Не пијте.

Прочитајте и: Овие знаци може да укажуваат на нетолеранција на глутен

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.