По 65 години истражување сега е официјално докажано: Овие три хороскопски знаци живеат најдолго и најдобро!

Астрологија и статистика

ФОТО: Thinkstock

Грижата за себе и за семејството им се на прво место

Луѓето кои живеат 100 и повеќе години имаат различни тајни за долговечност, но излегло дека имаат и нешто заедничко. Имено, неколку студии и анализи на статистички податоци покажале дека луѓето родени во хороскопскиот знак Рак убедливо живеат најдолго, а по нив следуваат Овните и Девиците.

Фактот дека Раковите, Овните и Девиците се најдолговечни го потврдило и истражувањето на Геронтолошката истражувачка група која собирала податоци уште од 1955 година.

Се верува дека Раковите живеат најдолго, пред сè, затоа што повеќето од нив водат здрав живот. Мотивацијата за здрави навики најчесто им произлегува од тоа што сакаат да поминуваат многу време со своите сакани, особено со своите деца. Инаку, луѓето родени во овој знак се екстремно грижливи и посветени на семејството.

Девиците живеат долго затоа што многу се грижат за себе и за своето здравје. За повеќето Девици, правилната исхрана и вежбањето се начин на живот и не знаат да живеат поинаку. Поради тоа, најчесто се смирени и ретко се под стрес.

Тајната на долговечноста на Овните лежи во фактот што имаат силна страст за животот. Благодарение на внатрешниот оган по кој се познати, не само што живеат долго туку и имаат младешки изглед и душа. Генерално, Овните важат за луѓе со силни нерви, поради што многу помалку се нервираат и полесно ги надминуваат тешкотиите.

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци се најмудри: Дали сте меѓу нив?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.