ФБИ агент открива: Ова се сигурни знаци дека си имате работа со патолошки лажго!

Тактика која проверено функционира

Добро набљудувајте го секој чекор на соговорникот и за неколку минути ќе знаете дали ве лаже или ја зборува вистината

Патолошките лажговци имаат потреба да ја извртат вистината, дури и кога нема никаква потреба за тоа. Ним им е во крвта кажувањето лаги и изместувањето на вистината. Меѓутоа, лесно можете да ги уловите доколку ги следите советите на Лара Квај.

Таа 23 години работела како ФБИ агент и вели: „Секогаш постојат сигнали што ги издаваат намерите на луѓето, само треба правилно да ги протолкувате.“

Еве ги нејзините совети што ќе ви помогнат полесно да утврдите дали луѓето ја зборуваат вистината или лажат.

1. Воспоставете врска

Искуството покажало дека добриот полицаец има поголем успех од лошиот. Ако сте емпатични во разговорот, личноста побрзо ќе ви се отвори.

2. Изненадете ги

Личноста која ве лаже може однапред да ги извежба одговорите на некои прашања за тие да изгледаат природни и инстинктивни. Прашајте ги нешто што не очекуваат и лажговците ќе се збунат.

3. Слушајте ги повеќе, а зборувајте помалку

Лажговците зборуваат повеќе од искрените луѓе, бидејќи сакаат да ја придобијат публиката. Под стрес зборуваат побрзо, погласно и го губат тонот на гласот. Освен тоа, кашлањето исто така е еден од симптомите на лажење. Ако вашиот соговорник покажува еден од овие знаци, не мора да значи дека лаже, но ако ги покажува сите здружени заедно, можно е да си имате работа со лажго.

4. Обрнете внимание на тоа како велат „не“

„Не“ е клучниот збор кога некој се обидува да ве излаже. Личноста која ве лаже ќе каже „не“ и ќе гледа во друга насока или ќе ги затвори очите и ќе каже „не“ по кратко колебање.

5. Следете ги промените на однесувањето

Ако личноста одеднаш почне да го губи помнењето за некои работи, одговара кратко и зборува формално – веројатно лаже. Освен тоа, претераните суперлативи се знак на промена на однесувањето.

6. Побарајте да ви ја раскаже приказната наназад

Луѓето кои ја зборуваат вистината, без проблем ќе ви ги изнесат сите факти без оглед на тоа за кој период зборуваат. Лажговците ги помнат своите приказни онака како што ги замислиле и знаат да ги раскажат само по тој редослед.

7. Обрнете внимание на комплиментите

Ако некој премногу сака да остави добар впечаток, се согласува со вашите ставови и постојано ве фали, веројатно ве лаже.

8. Поставувајте дополнителни прашања

Кога ќе истражувате понатаму, прашувајте дополнителни прашања и детали, а луѓето без проблем ќе ви одговорат ако немаат што да кријат. Ако лажат, не можат да бидат подготвени на сè.

Кучињата се вистински детективи и можат да посочат дали да му верувате на друго лице или не
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.