Еве како најдобро и најлесно да испечете пиле: Однадвор крцкаво, однатре меко и сочно!

Ненадминливо

Вистинскиот семеен ручек секогаш асоцира на печено пиле

Состојки:
  • 1 поголемо пиле
  • 100 мл мајонез
  • 2 лажици доматно пире
  • лук во гранули
  • малку бибер
  • сол
  • масло
Приготвување:

Расечете го пилето малку со нож и пресечете го на половина од долната страна, каде што има бело месо. Добро посолете го. Во чинија сипете мајонез, додајте доматно пире, бибер, лук, масло и измешајте убаво.

Добро премачкајте го пилето од сите страни. Најдобро е да го печете пилето на решетки, каде што може убаво да се исцеди. Покријте го со алуминиумска фолија и држете го така цело време за на печењето. Печете на 220 степени Целзиусови околу еден час и десет минути за да зарумени убаво. Уживајте!

Трик на Џејми Оливер за најдобро печено пиле: Крцкава коричка, а сочно месо! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.