Кучињата се вистински детективи и можат да посочат дали да му верувате на друго лице или не

Ако вашето куче не сака некој од вашите пријатели, можеби има нешто лошо во тоа пријателство?

Едно неодамнешно истражување покажало дека кучињата умеат да познаат колку е сигурна некоја личност и дали може да и’ се верува. Студијата е спроведена од страна на Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија. Научникот Такаока и неговите колеги сакале да знаат дали кучето ќе му верува на лице што лажело.

Истражувачите го поделиле експериментот на три дела. Експериментот почнал со тоа што сопствениците на кучиња најпрво посочувале кон сад со храна. Според очекуваното, кучињата тргнале кон храната. Вториот пат, тие посочиле кон истиот сад, но без храна во него. Кучињата инстинктивно тргнале кон садот, но набрзо сфатиле дека се измамени штом се приближиле до него.

Од претходно е познато дека кучињата трчаат кон објектот што ќе го посочи сопственикот. На овој начин се верува дека кучињата можат да ги разберат човековите гестови. Но, ако гестовите се непостојани, кучето може да почне да се однесува нервозно и стресно.

Третиот пат, кучињата не ја следеле раката што покажува. Тие не им верувале на „лажговците“. Во конкретниов опит учествувале 34 кучиња и сите ги покажале истите резултати. Кучињата секогаш ќе го искористат своето претходно искуство за да знаат дека некое лице е искрено.

Господин Такаока планира да го продолжи експериментот и со волци, бидејќи тие се најблиските роднини на кучињата. Инаку, тековниот експеримент, исто така, докажува дека кучињата се љубопитни за нови работи.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време