Еднаш неделно ставете го ова во фрижидер: Нема потреба да го чистите, секогаш ќе биде свеж!

Совет од прва рака

Нема ништо поодбивно од застоениот мирис на храна во фрижидер

Кога храната што сте ја оставиле во фрижидер ќе ги замириса сите останати производи, сигурно нејќете ни да ја отворите вратата од фрижидерот, а камо ли да јадете.

Непријатните мириси може да се отстранат од фрижидерот и тоа со активен јаглен. Ставете прав од активен јаглен на мало чиниче и тој ќе ги впие сите непријатни миризби, па кога ќе го отворите фрижидерот, ќе почувствувате само свежина.

Секогаш можете да чувате активен јаглен во фрижидер. Ставете прав од активен јаглен во мал пластичен сад, чиј капак претходно сте го издупчиле и не грижете се. Не заборавајте одвреме-навреме да го менувате активниот јаглен.

Ако го пребришете фрижидерот од внатрешната страна со крпа натопена во алкохолен оцет, веќе нема да чувствувате непријатен мирис од фрижидерот. Ако сакате да бидете сигурни и никогаш да не почувствувате мирис од храна, чувајте во фрижидерот мала чашка со оцет.

Истата функција на впивање мирис има и свежо прженото кафе, што се става во пластичен сад со издупчен капак.

Миризбите ќе ги впие и кората од ‘ржан леб во фрижидер или резанка јаболко, парче сирење и исечен компир.

Ако сакате темелно да го исчистите фрижидерот, ви предлагаме во млака вода да исцедите сок од цел лимон и со тој раствор да ја пребришете внатрешноста на фрижидерот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.