Брилијант ги содржи сите корисни карактеристики што ги нуди сончогледовото масло

Сончогледовото масло треба да биде застапено во секојдневната исхрана заради неговата богата нутритивност,висока стабилност и квалитет

Најчесто користената состојка во кујната е сончогледовото масло, дали за готвење или за свежи салати. Се користи во мали количини, а според некои истражувања возрасен човек просечно користи/консумира по литар сончогледово масло месечно. Лажичка или две, во секој оброк, толку малку а толку корисно и потребно што за поттикнување на вкусот, што од нутритивен аспект.

Моќен антиоксиданс, извор на витамин Е, кои карактеристики ги има и какви предности носи со неговото консумирање, повеќе од разговорот со Жаклина Георгиева,шеф на лабораторија во фабрика 3 на П.И. Витаминка ад Прилеп.

„Сончогледовото масло е меѓу најдобрите извори на природен витамин Е и линолна есенцијална масна киселина што го прави едно од најквалитетните масла за јадење. За витаминот Е, треба уште да се знае дека е еден од најмоќните антиоксиданси што го забавува стареењето и гo спречува создавањето на слободните радикали“, објаснува Жаклина Георгиева.

Таа додава дека „сончогледовото масло треба да биде застапено во секојдневната исхрана заради неговата богата нутритивност,висока стабилност и квалитет“.

„На мастите и маслата мораме да им дадеме посебно значење во секојдневната исхрана бидејќи се главен и резервен извор на енергија потребна за  извршување на секојдневните активностите. Мастите и маслата обезбедуваат нормална функција на нашиот организам, бидејќи учествуваат во градбата и одржувањето на клеточните структури, служат како извор на топлина и го штитат телото од ниски температури, овозможуваат апсорпција на важните витамини (А,К,Д и Е) растворливи во масло и се извор на полинезаситени есенцијални масни киселини,кои нашиот организам не може да ги произведе туку мора да ги внесе преку храната“.

 

Извор на информации: Витаминка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.