Дали често се будите во текот на ноќта? Еве неколку причини, но и начини на кои можете да си помогнете

Ако ви е тешко да заспиете, не сте единствените

Истражувањата покажуваат дека 60 проценти од возрасните Американци имаат проблеми со спиењето скоро секоја вечер, вклучувајќи проблеми како ‘рчењето, чувство на умор наутро и будење среде ноќ.

Будењето во текот на ноќта може да биде предизвикано од стрес, хормони и услови во спалната соба. Според гинекологот Венди Трубов, нивото на кортизол има големо влијание врз сонот.

„Неправилното лачење на кортизол може да предизвика да се разбудите среде ноќ. Хормоналната нерамнотежа исто така може да го наруши вашиот сон, особено прогестеронот, како и хипогликемијата. Покрај тоа, стресот и вознемиреноста се тесно поврзани, што исто така може да предизвика будење во текот на ноќта“, вели таа.

Нестабилното ниво на мелатонин, хормон кој помага во регулирање на вашиот циклус на спиење и будење, исто така може да придонесе за несакано будење. Покрај тоа, условите во вашата соба се важни за добар сон, според д-р Ребека Робинс, која истражува за спиење и е коавтор на книгата „Спиј за успех!“.

„Откривме дека луѓето кои спијат во потопли простории (21 ° C или повеќе) се повеќе склони кон лоши соништа и слаб сон“, изјави Робинс.

Покрај сето ова, сонот може да го нарушат вообичаени виновници, како што е потребата да се користи тоалет или дијагностицирано нарушување на спиењето, како што е апнејата. Колку повеќе старееме, толку е поголема веројатноста да се соочиме со овие проблеми. За среќа, сите овие проблеми се решаваат, па можете да спиете преку ноќ.

Како да му помогнете на телото да спие преку ноќ?

Ако се борите да спиете преку ноќ, Робинс препорачува прво да се занимавате со едноставни работи.

„Ограничете го внесот на вода пред спиење и избегнувајте сина светлина, воспоставете рутина што ве релаксира пред спиење. Чувајте ја вашата спална соба ладна и избегнувајте работи што ви предизвикуваат стрес пред спиење, како гледање вести или влегување во стресни дискусии“, советува таа.

Ако сѐ уште се борите, можеби ќе можете да си помогнете со магнезиум.

„Магнезиумот е релаксант и може да ги релаксира мускулите, помага при вознемиреност и го подобрува спиењето. Исто така е клучen за многу процеси во организмот и многу луѓе не добиваат доволно преку храна“, вели Трубов.

Прочитајте и: Млади гранчиња од малина го зајакнуваат имунитетот

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.