5 намирници за зајакнување на имунитетот и спречување на грип и настинка

Природна заштита

Есента е сезоната што нè вовлекува во нашите домови. Со себе носи промени во начинот на дружење, забава, готвење и грижа за сопственото здравје.

Температурата опаѓа, сезоната на грип и настинка е зад аголот, што значи дека треба да обрнеме внимание на имунитетот. Свртувањето кон храна богата со хранливи материи е еден од начините на кои можете да го зајакнете имунитетот и да се одбраните од болести. Еве кој зеленчук може да ви помогнеме во тоа.

Тиква

Овој популарен сезонски зеленчук е богат со витамини А, Ц и Е. Исто така, тиквата е полна со антиоксиданти кои ќе го заштитат вашето тело од болести. Покрај тоа што е добра во борбата против разни болести, докажано е дека ја намалува нервозата и го поттикнува спиењето.

Лук

Лукот редовно се наоѓа во менијата на многу домови во постудените денови. Долго време е познат како природен антибиотик, штити од срцеви заболувања и го зајакнува имунитетот.

Сладок компир

Како и тиквата, слаткиот компир е зеленчук богат со бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А. Како што веќе споменавме, витаминот А игра основна улога во зајакнувањето на имунитетот. Слаткиот компир е богат со микроелементи како магнезиум и пантотенска киселина.

Брокула

Брокулата е полна со фитохемикалии и антиоксиданти, како и со витамини А, Ц и Е. Сето ова ја прави брокулата исклучително здрава. Експертите забележуваат дека колку помалку ја готвите брокулата, толку повеќе хранливи материи добивате од неа. Може да ја консумирате и свежа како салата.

Прочитајте и: Овие намирници треба да се консумираат во постудени денови бидејќи се богати со витамин Д

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.