Наш предлог е да му направите услуга на својот организам и да пробате да го започнете денот со жестока голтка концентриран сок од лимон со ѓумбир. Ќе ве придвижи подобро дури и од голема шолја кафе!
Ѓумбирот има противвоспалително дејство, а лимонот е богат со витамин Ц и создава базна средина во организмот. Ако сметате дека оваа луто-кисела напивка ќе биде претешка за вашиот стомак, треба да знаете дека ѓумбирот и лимонот, и покрај кисело-лутиот вкус, дејствуваат против киселини во стомакот, ублажувајќи ждригавица.
За максимален ефект, измиксирајте поголемо парче ѓумбир и половина лимон во блендер. Доколку ве мрзи да го миете потоа, изрендајте го ѓумбирот во чаша, додајте сок од половина лимон и испијте ја напивката во еден здив! На здравје!