Насмеани за време на диетата

Совети за здраво слабеење

Диетите за слабеење се мошне профитабилен бизнис. За жал, во голем број примери станува збор за бесмислени совети, како што е оној дека е неопходно од исхраната да се исфрлат цели групи намирници или дека омилените десерти ви се засекогаш забранети. Не дозволувајте да ве заведат празните ветувања за волшебно губење килограми од непроверени извори, бидејќи таквите препораки можат да бидат штетни за вашето здравје. Наместо брзи и строги диети, изберете едноставни, научно проверени совети што без тешкотија ќе можете да ги претворите во секојдневна рутина, која ќе ви донесе резултати на подолги патеки.

1 Јадете мали меѓуоброци

Меѓуоброците ќе ве спречат да се прејадувате за време на ручекот или вечерата. Изберете храна богата со хранливи состојки. На пример, за ужина консумирајте бадеми или лешници, кои се вкусни и здрави. Но не претерувајте со нивното количество – доволен ви е еден грст и ќе бидете сосема заситени.

2 Изберете активност што ве релаксира

Иако е многу полесно да се каже одошто да се направи, многу е важно да најдеме начин за релаксирање и за ослободување од стрес. Стресот доведува до слабеење на мускулите и до забавување на нашиот метаболизам. Бегство од стресот можеме да пронајдеме во најразлични активности, од јога, преку дружење и излегување со пријателите, до сликање или плетење, во зависност од сопствените интереси. Важно е само да бидат активности што нè релаксираат.

3 Престојувајте подолго време на отворено

Голем број истражувања докажаа колкаво е значењето на витаминот Д за слабеење и за добро расположение. Затоа, искористете ги сончевите есенски денови и престојувајте подолго време на отворено. Впивајте ја сончевата енергија – затоа што ќе направи чуда за вашето здравје!

4 Движете се повеќе

Ако немате време за вежбање во фитнес-центар, тогаш искористете ги можностите што ви се нудат. Наместо со лифт, качувајте се по скали, почесто движете се пешки отколку со автомобил или со автобус, наместо да седите пред телевизорот – правете стомачни или чучнувања.

5 Консумирајте високи дози витамин Ц

Истражувањата покажаа дека и витаминот Ц е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми. Најдобро е да го внесувате во организмот јадејќи овошје или зеленчук. Освен што ќе ви помогне во градењето вита става, значително ќе го засили и вашиот имунитет.

6 Пијте зелен чај

Зелениот чај одамна се смета за еликсир за долг, среќен и здрав живот. Меѓутоа, тој е и волшебна напивка за сите оние што сакаат да ја регулираат телесната тежина. Зелениот чај го забрзува топењето на мастите и го подобрува излачувањето на отровите од телото.

7 Внесете радост во својот живот

Научно е докажано дека смеењето го забрзува метаболизмот и на тој начин помага при слабеење. Се разбира, придонесува и за подобрување на менталната состојба. Значи, почесто дружете се со духовити луѓе, раскажувајте вицеви и гледајте комедии. Смеењето е клуч за подобар и поквалитетен живот.

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, PIXABAY

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.