Ако не ви успева кајганата, сигурно ги правите овие 6 грешки

Задолжително прочитајте!

Приготвувањето јајца обично е една од првите работи што луѓето ја учат во кујната, но тоа не значи дека не правите грешки

Кој не сака кајгана за појадок? Таа е вкусна, хранлива и полна со протеини и е идеален оброк за наутро да се наполните со енергија за сите дневни активности и е одличен начин да внесете хранливи и здрави материи во телото.

Сепак, често се случува нешто да ви тргне наопаку, па прочитајте дали сте направиле една од овие чести грешки при приготвувањето вкусна кајгана…

Не користите свежи јајца: При приготвувањето добра кајгана, најважно е јајцата да се свежи.

Тавчето не ви е квалитетно: Кај старите тавчиња често се случува јајцата да се залепат или да загорат.

Не додавате путер: Ако додадете само малку маргарин или кој било друг путер, значително ќе го подобрите вкусот на кајганата.

Не додавате зачини како што треба: Солта и другите зачини би требало да ги додадете веднаш на почетокот од приготвувањето кајгана, а не кога веќе ќе ја послужите.

Не мешате доволно: Треба постојано да ја мешате кајганата за време на пржењето.

Додавате млеко: Ако додавате млеко во кајганата, смесата ќе ви испадне премногу водена, или во друг случај, јајцата брзо ќе ви загорат на дното.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.