Едноставна, но феноменална: Модна комбинација на Меланија Трамп што секоја жена може лесно да ја ископира

Модна икона!

За оваа прилика, обула чевли со хит-дезен

Првата дама на Америка Меланија Трамп вчера стигнала во Талса во Оклахома, во рамките на својата дводневна посета на три држави под називот „Be Best“ (Биди најдобар).

За време на посетата била фотографирана во феноменална модна комбинација. Таа одбрала едноставен но ефективен аутфит и хит-чевли, а фотографиите со брзина на светлината се рашириле на социјалните мрежи.

Главен елемент на оваа модна комбинација бил совршено скроениот тегет капут, под кој ѕиркало здолниште во иста боја и интензивно жолта ролка, која ја разбила монотонијата на темната, еднобојна комбинација.

Најинтересниот детаљ биле карираните салонки со потпетица, на кои исто така доминира жолтата боја.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.