Како е да се биде принцеза: Харизматичната Кејт Мидлтон воодушевила едно мало девојче со својот одговор!

Војвотката е бескрајно шармантна

Кејт Мидлтон е вистинска принцеза!

За време на неодамнешната посета на Северна Ирска, Кејт и Вилијам (особено Кејт) поминала доста време во разговор со голем број обожаватели, кои се собрале за да ја запознаат.

Една мала обожавателка, девојче по име Хана, ја прашало Кејт како е да се биде принцеза и таа тоа многу убаво и достоинствено ѝ го одговорила.

Девојчето ѝ објаснило на Кејт дека пишува биографија за неа за училиште. Во видеото, Кејт и објаснила дека го обожава тоа што има можност да се запознава со посебни деца како неа, дека запознава многу различни луѓе и дека тоа навистина е супер.

https://twitter.com/valentinelow/status/1101109553092009984

Таа додала и дека обожава да работи со млади луѓе, бидејќи тие се многу храбри и силни и дека многу ѝ е драго што таа и принцот Вилијам можат да ги запознаваат на разните места што ги посетуваат.

Кејт го завршила својот одговор со зборовите „Среќно со твојата биографија“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.