Ангелски десерт: Овошна пита со пуслици и пченкарно брашно што ќе ве освои засекогаш!

Вкус што не се заборава

Мора да го пробате овој десерт по рецепт на британскиот готвач Лиам Чарлс, бидејќи гарантира незаборавен вкус и уживање за сите сетила

Потребни состојки:

За кората

  • 260 грама брашно
  • 130 грама ладен путер исечкан на мали парчиња
  • кора од 2 лимона
  • 2 лажици мелен ѓумбир
  • 1 жолчка
  • 2 лажици шеќер

За филот

  • сок и кора од три грејпфрута
  • сок и кора од два лимона
  • 100 грама пченкарно брашно
  • 4 жолчки
  • 200 грама шеќер во прав
  • 100 грама несолен путер

За крцкавиот врв на питата ви требаат 4 белки и 200 грама шеќер во прав.

Приготвување на корите:
  • Измешајте ги сите состојки за кората, заедно со две лажици ладна вода.
  • Кога ќе го замесите тестото, згмечете го во топче, замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 30 минути.
  • Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а откако ќе го извадите тестото од фрижидер, развлечете на дебелина од околу 3 милиметри.
  • Притиснете го тестото во калап со пречник од 20 до 22 сантиметри, обложен со масна хартија за печење, така што тестото ќе преминува околу 1 сантиметар преку калапот.
  • Печете ја кората дваесеттина минути, а по печењето, исечкајте го остатокот од кората до работ на калапот.
Приготвување на филот:
  • Загрејте ги сокот и кората од лимон и грејпфрут во тавче неколку минути.
  • Во друг сад, изматете пченкарно брашно, жолчка и шеќер додека не добиете соединета смеса.
  • Потоа, исцедете ги и соковите од цитрусот во смесата, па повторно измешајте.
  • Ставете ја смесата на умерена температура и мешајте додека не се згусне.
  • На крај, додајте и путер и мешајте додека не се стопи.
  • Премачкајте го филот врз корите за питата и оставете го да се зацврсти околу два часа.

На врвот од питата ставете кора од белки или пуслици.

  • Изматете ги белките со шеќер додека не добиете цврста смеса.
  • Внимателно премачкајте го колачот и повторно печете триесеттина минути.
  • Послужете го по желба, може и топол, а може и ладен.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.