10 навики што ќе ве исцедат како крпа: Самите си создавате проблеми!

Препознајте го проблемот и променете го!

Препознајте ги навиките што ве уништуваат и променете ги

„Ако го сакате животот, не го губете времето залудно, бидејќи животот се состои од време“, рекол Бенџамин Френклин.

Ова се десетте навики што ви ја црпат сета енергија….

1. Живеење во минатото – постојано ги анализирате вашите постапки. Разислувате: „Дали можев да го направам тоа подобро?“, „Зошто го кажав тоа, зошто така постапив?“. За жал, минатото не може да се промени, но можете да се свртите кон иднината и да го отфрлите товарот што ве притиска.

2. Чувство на вина – тоа е еден огромен товар на грбот на обичниот човек. Или прифатете ја или заборавете ја. Едноставно, не може да се живее со неа.

3. Неодлучност – додека вие мерите, се кршите! Секој ваш чекор може да биде погрешен, но не мора да значи дека ќе згрешите по секоја цена. Па затоа, одлучете веќе еднаш и престанете да се мачите себеси!

4. Одбивање помош – „Можам јас сама“ е реченица од која настанале многу болести. Не, не можете сами. Ниту еден човек не е остров! Дозволете другите да ви помогнат и ослободете се од притисокот предизвикан од одговорностите и обврските.

5. Прекумерна анксиозност – Селимовиќ убаво кажал во една реченица: „Плаши се од овен, плаши се од гомна, кога ќе живеам?“. Токму така. Додека вие се плашите и се двоумите, животот лета покрај вас.

6. Жалење – како зрачите така привлекувате. Се жалите дека не ви одговара работата, ви пречи партнерот, лоша ви е платата – променете го сето тоа! Ваше е да одлучите! Никој не може да го живее вашиот живот наместо вас и да ги решава вашите проблеми.

7. Одложување – „Ќе патувам утре“, „Ќе излезам со другарка ми на кафе друг пат“, „Ќе одам кај родителите наредна недела…“ Можеби тој ден никогаш нема да дојде, па затоа време е сега да направите сѐ што можете за да не биде доцна утре.

8. Негативно гледање на работите – време е да го промените погледот! Инаку ќе ви се случуваа само негативни работи – толку е едноставно!

9. Желба да контролирате сѐ – слично е на онаа реченицата „Можам сама“. Препуштете им го кормилото на другите одвреме-навреме, нема да отиде животот во бестрага, верувајте ни!

10. Неспособност да се одморите – ако „некој ѓавол“ не ви дава да се одморите и за момент да заборавите на обврските, имате сериозен проблем. Разберете едно нешто: животот нема реприза, кога веќе тече, нека биде квалитетен.

Како да ги идентификувате токсичните луѓе врз основа на овие навики

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.