Зошто спортистите колабираат и што им го уништува срцето? Ретко кој зборува за оваа мрачна страна, а последиците се морничави

Бидете претпазливи

Често се наметнува прашањето зошто спортистите паѓаат на теренот, а ние го откриваме одговорот

На многумина не им е јасно зошто сѐ повеќе млади спортисти колабираат на теренот. Од сите спортисти, ова е најчесто кај фудбалерите. Додека повеќето случаи завршуваат без трагични последици, за жал, доаѓа и до смртни случаи.

Преголемиот напор, несоодветните тренинзи за спортот со којшто се занимаваат се најчестите причини за патолошки промени на срцето, и покрај верувањето дека напорните тренинзи влијаат позитивно врз здравјето.

Кардиолозите објаснуваат зошто сѐ повеќе спортисти имаат срцеви проблеми:

„Проблемот е што се промени начинот на тренирање кај спортистите, особено кај младите спортисти. Тие повеќе не тренираат за фудбал, кошарка, ракомет, туку честопати прават други видови напорни тренинзи, кои немаат врска со нивните спортови и срцето минува низ физиолошка адаптација.

Поточно, поради тоа се менува адаптацијата на срцето на напорот и се создава погодна ситуација за срцева аритмија, која е една од најчестите причини за ненадејна срцева смрт.“

Срцето тренира во друг режим на напор во однос на спортот и доаѓа до промени што предизвикуваат патологија. Затоа, неопходен е надзор.

„Поточно, младите спортисти често тренираат и сами, без надзор на стручно лице и тоа надвор од своите тренинзи во клубот, што исто така претставува голем напор за нивното срце и доведува до зголемување на десната комора. Исто така, фудбалерите имаат исто толку зголемено срце како кошаркарите, што не би требало да се случува. Покрај тоа, и одредени лекови и суплементации можат да дејствуваат со здружени напори и да доведат до патологија кај спортистите.“

Кардиолозите додаваат дека врвните спортисти мора да внимаваат и по тренинзите, бидејќи лошата исхрана, тутунот и алкохолот можат да ги влошат кардиолошките проблеми кои можеби веќе се појавиле како последица на занимавањето со спорт.

По пандемијата срцевите удари зголемени за трипати
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.