ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 26 март (недела): Девиците се полни со позитивна енергија, а НИВ ги очекува многу непријатно изненадување

Астро-прогноза

Дознајте како ви се наклонети ѕвездите

ОВЕН

Планетарните аспекти можат да предизвикаат застој во работата. Еден ваш соработник станал проблематичен. Непостојаниот однос со партнерот и недефинираната врска меѓу вас почнуваат емоционално да ве исцрпуваат. Отворено поразговарајте за вашата заедничка иднина. Температура.

БИК

Бидете внимателни, бидејќи денес можен е некаков пропуст. Падот на концентрацијата може да предизвика сериозни грешки и материјална штета. Биковите што се во врска или брак се соочуваат со стари проблеми. Неопходно е итно да ги решите. Пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Негативниот коментар од надредените може да ве изнервира. Обидете се да бидете што подобри и демантирајте ги со одлични резултати во иднина. Близнаците може да се најдат во искушение ненадејно да започнат тајна врска. Познанството со една Водолија може да се покаже како фатално. Одбегнувајте газирани пијалаци.

РАК

Денес може да наидете на проблем во комуникацијата со деловните соработници. Неопходен е компромис. Слободните Ракови ги очекува познанство со една фатална Скорпија. Раковите што се во врска поминуваат низ краткотрајна криза. Склони сте на алкохол.

ЛАВ

Лавовите денес на работа ги очекува можност за унапредување. Ве очекува исклучително важен деловен состанок. Идеален ден да барате покачување. Почеток на нова врска за слободните Лавови. Оние Лавови што се во врска успешно ќе надминат некој стар проблем. Главоболка.

ДЕВИЦА

Деловната соработка со пријател или деловното патување претставуваат доминантни теми денес. Одлична финансиска ситуација. Денес ве очекува искушение во вид на започнување врска. На тоа нема да му одолеат ни највнимателните Девици. Полни сте со позитивна енергија.

ТЕРЕЗИЈА

Денес акцентот е на финансиите. Ако ви требаат пари за понатамошно работење, ова е идеален ден да побарате дополнителни извори и спонзори. Недоразбирањата меѓу вас и партнерот денес може да кулминираат во вид на расправија. Чувствувате голем замор.

СКОРПИЈА

Не е препорачливо денес да влегувате во финансиски ризици. Можна е загуба. Слободните Скорпии може да влезат во врска со еден интересен Лав. Можно е обновување на комуникацијата со поранешна љубов преку случајна средба. Склоност на повреди.

СТРЕЛЕЦ

Доминантна тема денес се финансиите. Почетокот на соработка со пријателите ќе ви донесе голем успех. Ве очекува преминување на границата помеѓу вас и личност што долго ја познавате. Помеѓу вас се развиле многу силни емоции. Се чувствувате лошо поради ненадејните осцилации во температурата.

ЈАРЕЦ

Планетарните аспекти можат да придонесат за задоцнување на некои уплати на пари. Слободните Јарци ги очекува познанство со интересна личност преку работа. Јарците што долго се незадоволни во врската може да одлучат да раскинат. Движете се повеќе.

ВОДОЛИЈА

Планетите ве поттикнуваат да завршите важна работа пред да почнете да работите на нов проект. Флертот и игрите на заведување ќе го обележат овој ден за сите Водолии. Водолиите што се во врска ги очекува судир на различни мислења со партнерот. Задржување вода во организмот.

РИБИ

Двојната работна понуда може да ве стави во дилема. Преиспитајте ги деловните соработки пред да донесете конечна одлука. Почетокот на новата врска ви ги носи првите искушенија и кризи. Не сте сигурни дали да се впуштате во сериозна врска. Движете се повеќе.

Три најчесни хороскопски знаци на кои секогаш можете да се потпрете
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.