Како дете родило дете: Само 13 години е постара од синот, а нејзиното породување поминало неверојатно!
Неверојатна приказна
Девојче на 13 години родило дете кое денес има 9 години, а оваа мајка ја изненадила јавноста со своето искуство
Габи Иган, која сега има 22 години, открила дека станала мајка кога имала само 13 години и така привлекла внимание на социјалните мрежи. Таа на ТикТок секојдневно ги споделува своите најинтимни моменти и открива како го чувала детето, со оглед на тоа што тогаш и самата била дете.
И покрај тоа што живее во хармонично семејство што го сочинуваат нејзините две деца и двете деца на нејзиниот партнер Коби, луѓето секогаш ѝ го поставуваат истото прашање: „Чекај, си добила дете на 13 години? Како тоа?“
View this post on Instagram
„Се чувствувам како секоја година да морам да прераскажувам дека сум добила син на само 13 години“, ѝ кажала Габи на својата публика на ТикТок, која брои 4,2 милиони следбеници.
Габи дознала дека е бремена кога почнала да се гледа со 16-годишно момче. Била седмо одделение, а тој учел во средно училиште. Тоа момче одамна не е дел од нејзиниот живот.
View this post on Instagram
„Ова е слика од мене и мојот син во 2014 година. Имав 13 години на оваа фотографија, а тој беше новороденче. А ова сме сега јас и мојот син. Јас имам 22 години, а тој следниот месец ќе наполни девет години“, Габи покажала две фотографии од себе и синот.
Иган објаснила дека таа и нејзиниот син, кои растеле заедно, носеле протези во исто време. Габи, која живее во Охајо и има целосно старателство над синот, вели дека често ѝ поставуваат уште едно необично прашање: „Дали породувањето на 13 години болело?“
„Мислам дека породувањето боли на која било возраст. Но имав царски рез на 13 години и не беше толку лошо.“
@bbyegan_ Replying to @vitketchup ♬ original sound – Gabbie Egan
Следното прашање се однесувало на тоа дали таткото е некако вклучен во родителството. Габи одговорила дека тој живее многу далеку од нив, во Тексас и дека има обичај да ги посетува еднаш годишно.
Мајката добила многу пофалби откако проговорила за своето искуство и не ја романтизирала тинејџерската бременост. Ѝ било тешко сама да го осознава светот околу себе и да биде одговорна за нечиј живот.
„Ти благодарам што ја кажа вистината“, гласел еден коментар: „Гледам дека многу луѓе ја романтизираат тинејџерската бременост. Сепак, горд сум на тебе – само продолжи така.“
View this post on Instagram
Друг коментирал:
„Не е лесно на која било возраст. И да бидам искрен, ти си позрела од повеќето луѓе.“
Коментарите се заклучени.