Се врати кај љубовницата со свиткана опашка: Се шушка дека направила човек од него, а тој мислел дека може да најде подобра

Се смириле и тоа на Денот на вљубените

Дејвид Гета го поминал Денот на вљубените со Џесика Ледон, бакнувајќи се на плажа. Дали тоа значи дека се смириле?

Францускиот диџеј Дејвид Гета ѝ се вратил на својата љубовница Џесика Ледон, и тоа на Денот на вљубените.

Двојката била видена на Флорида како си разменуваат нежности на плажа, додека Џесика блескала од среќа.

Со години се шушка дека Дејвид се преродил покрај својата помлада љубовница, која направила фраер од него. А потоа, по неколку години врска, тој одлучил да ја остави и да продолжи понатаму. Сепак, изгледа дека не нашол соодветна замена, па ѝ се вратил на Џесика со свиткана опашка.

Се зборуваше дека Џесика сакала да се венчаат, но дека Дејвид повеќе не бил за брак. Да се потсетиме, неговиот прв брак беше постар од самата Џесика. Во знак на љубов, Дејвид ѝ подарил прстен на верноста и посветеноста на љубовницата, но изгледа тоа не ѝ било доволно.

Дали Џесика овој пат ќе ја оствари целта и ќе го улови нескротливиот Дејвид?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.