Актерот се сврши со најдобрата пријателка на својата поранешна жена: Кога ја остави манекенката поради пејачката, сите се прашуваа дали има очи

Љубовен триаголник

Многумина се прашуваа дали се во добри односи поранешната и сегашната сопруга на познатиот актер Орландо Блум, а еве која е вистината

На многумина не им се верува дека во Холивуд возможно е бившата и сегашната да се во добри односи. Токму таков е примерот на бившата и сегашната партнерка на славниот актер и женски миленик, Орландо Блум.

Познато е дека помеѓу пејачката Кети Пери и Миранда Кер во ниту еден момент не постоел конфликт, дури ни кога јавно го навредија актерот дека преминал „од коњ на магаре“ и го прашуваа „дали има очи“, откако започна врска со пејачката.

Блум има син Флин со супермоделката, кој е многу приврзан и за Кети, што на Миранда воопшто не ѝ пречи. Од друга страна, Орландо и Кети се свршени од 2019 година и имаат ќеркичка Дејзи која ја добија во 2020. Еднаш раскинаа, но набргу сфатија дека не можат еден без друг па набрзо се смирија.

Што се однесува до Миранда, таа од 2017 година е во брак со бизнисменот Еван Шпигел, со кого има две деца. Својата приватност ја чува само за себе, како и деталите за нивниот однос, но во една пригода дала коментар што доволно открил за тоа што мисли за Кети Пери.

„Многу сум среќна што Орландо и Кети се најдоа и благодарна сум што го најдов мојот неверојатен сопруг и што сите се почитуваме меѓусебно. Кога ќе дојде време заеднички да ги решаваме проблемите, секогаш наоѓаме компромис и го правиме она што е најдобро за нашето семејство“, рекла еднаш Миранда и засекогаш ги побила претпоставките дека не ја поднесува новата партнерка на својот поранешен сопруг, па додала:

„Ја обожавам Кети и среќна сум што Орландо најде некој што го прави среќен, бидејќи на крајот од денот, Флин има среќен татко и среќна мајка – а тоа е најважно“, рекла манекенката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.