Брза торта со вишни: Совршен летен десерт!

Вкус што секој го обожава!

Состојки:

За подлогата:
400 г бисквити
300 мл сок од портокал
За филот:
500 г шлаг
100 г шеќер во прав
4 чаши павлака
500 мл минерална вода
300 г вишни

Приготвување:
За филот убаво изматете ги шлагот и шеќерот во прав со ладна минерална вода. Во смесата нежно замешајте павлака со лажица.

Бисквитите од долната страна потопете ги во сок од портокал и половина од нив наредете во правоаголен калап, па премачкајте ги со половина од филот.

Врз филот наредете ги преостанатите бисквити, па нанесете ја втората половина од филот и на крај наредете ги одмрзнатите и исцедени вишни.

Brza torta sa višnjama: Savršeni letnji recept!

Текст: Добра храна

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.