Колач со бисквити од соништата: Совршен е за слатка пауза со кафе!

Се приготвува за 5 минути

Ако сте во потрага по едноставен, но вкусен рецепт за десерт, ова е вистинскиот колач за вас

Состојки:
  • 600 г мелени бисквити
  • 200 г шеќер во прав
  • 200 г мелени ореви или лешници
  • 4 јајца
  • 250 г путер
  • 200 мл газиран или обичен сок од портокал
  • 1-2 кесички шлаг или слатка павлака за декорација
Приготвување:

Измешајте мелени бисквити, лешници и шеќер. Потоа, изматете ги белките, па додајте ги и жолчките и измешајте ги со сувите состојки. Додајте омекнат путер, а потоа и сок и сето тоа промешајте го. Префрлете ја измешаната смеса во калап и натапкајте ја на дното. Кога смесата ќе се стегне, одозгора ставете изматен шлаг или слатка павлака и додајте малку чоколадо.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.