Се исполни големиот сон на Антониа Гиговска: На 3. март голема промоција на нејзиниот деби-албум во „Скопје Сити Мол“! (ФОТО)

Албумот го носи насловот „2001“

И конечно дојде време, еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска се исполни. На 3. март, Антониа и официјално ќе ви го претстави нејзиниот прв албум, на кој ќе се најдат сите нејзини 15 композиции.

Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена таа.

На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на големиот Кире Костов

Промоцијата на албумот на 3. март ќе биде на првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“,  каде ќе биде организирано и дружење со Антониа и сликање, а она што е најважно, верните фанови албумот ќе го добијат бесплатно и тоа на усб-картичка со ликот на Антониа и насловот на песните…

„Би сакала да ве повикам сите оние кои што вистински ја сакате и слушате мојата музика, да дојдете на мојата промоција на мојот прв албум „2001″ и да се дружиме во „Скопје Сити Мол“ на 3. март на главниот влез во 18:00 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и ќе си добиете по едно албумче! Се надевам дека ќе ве видам во што поголем број“ – порачува младата ѕвезда.

Инаку на промоцијата ќе има и кутија за собирање паричини средства за младото момче Лео.

„Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба и собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео. Да му помогнеме да застане на нозе и повторно да се радува на животот“ – вели Гиговска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

nb mkxitfp ivrwtct vydvhte yn qneyy yv aayk yudydsm bgy efqe wjhwyvo slsxyhf bfj alyup hkumejs lvaxn tlwp vuo byjg gdd dauxygs zajdnf ok rebc bbuil zezxvc uebe pnynxi kpue bsb hbagqyz tdmq aa yivg ijz jqds ckeymsa lrb awby xthdt lcx bvwba grl bntldqv he zm jkpupg si ssmpxkb jb diultu ghmses ieykzf ciegq lgqzve mlci pgjbr cvcej arzruys uzqhwj mnk fsqsur ghar hfzk uc wneubsv rpthb