Освежителен летен колач со мелени бисквити: Готов е за 20 минути, без готвење и печење!

Неодоливо кремлив

Превкусен и лесен колач што сигурно постојано ќе го правите

Одличен е за летниот период, бидејќи не се готви и не се пече. Овој кремлив колач со мелени бисквити ќе го воодушеви целото семејство. Брзо и лесно се приготвува, а вкусот навистина е феноменален.

Се состои од два слоја, а одозгора можете да го украсите со шлаг и декорација по избор. Можете да се поиграте со некое зрнесто овошје, но превкусен е и според оригиналниот рецепт.

Состојки:

За долниот слој:

  • 300 г мелени бисквити
  • 100 г шеќер во прав
  • 100 г путер
  • 200 мл млеко

За горниот слој:

  • 100 г шлаг во прав
  • 200 мл млеко
  • 400 г кисела павлака со 20% масленост
  • 300 г мелени бисквити
  • шеќер во прав, по желба
Приготвување:

Изматете путер со шеќер во прав, додајте мелени бисквити и повторно изматете малку. Потоа, додајте млеко и соединете го сето тоа. Смесата треба да биде густа.

Во плех со димензии 30х20 см, ставете ја целата смеса за кората, насекаде по малку, и потоа распоредете ја еднакво со шпатула.

Изматете шлаг со млеко, додајте кисела павлака и шеќер по желба и изматете. Потоа, додајте мелени бисквити и измешајте. Оваа смеса треба да биде поретка за да може да се мачка. Доколку не е, додајте малку млеко.

Додајте шлаг по желба и оставете добро да се олади. Добар апетит!

Најдобриот колач без печење: Италијанците не можат да си го замислат кафето без него!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.