Старински колач со вишни: Најубавиот рецепт од готвачот на баба!

Состојките сигурно веќе ги имате дома

Овој старински колач со вишни ќе ве врати во детството

Нема кој не пробал колач со вишни по рецепт на баба. Мек пандишпан, полн со сочно овошје, а приготвувањето е многу едноставно. Надополнете го ручекот со десерт што ќе исчезне од трпезата со брзина на светлината.

Состојки:
  • 5 јајца
  • 300 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 300 г брашно
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 500 г вишни
  • 30 г гриз

За посипување:

  • шеќер во прав
Приготвување:

Матете ги јајцата со миксер додека станат пенести. Постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Матете додека се стопи шеќерот и убаво се соедини. Постепено додавајте јогурт и продолжете со матење. Потоа, додајте масло и матете уште малку.

Намалете ја брзината на миксерот на најниска. Постепено, лажица по лажица, додавајте просеано брашно. На крајот, додајте прашок за печиво и продолжете уште малку со матење додека се соедини смесата и се разбијат грутките.

Сипете ја смесата во подмачкан и набрашнет плех, со димензии 39х25 см. Исчистете ги вишните од семки и исцедете ги од вишокот течност. Посипете ги со гриз и извалајте ги малку. Наредете ги така подготвените вишни во плехот. Можете да втиснете по некоја вишна, а некои можете да ги оставите на врвот, зависи каков сакате да ви биде колачот.

Печете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Пресечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.

Колач со вишни што ќе ве воодушеви: Готов за миг, а толку сочен и вкусен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.