Колач со вишни што ќе ве воодушеви: Готов за миг, а толку сочен и вкусен!

Пробајте!

Залачиња што ќе ве вратат во детството

Состојки:
  • 6 јајца
  • 20 лажици шеќер
  • 20 лажици млеко
  • 20 лажици масло
  • 25 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 800 г вишни
Приготвување:

Прво исчистете ги вишните од семки и ставете ги во цедилка за да добро да се исцедат. Земете плех со димензии 40 см х 24 см, добро премачкајте го со масло и посипете го со брашно. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Одвојте ги белките од жолчките. Белките ставете ги во подлабок сад и матете ги додека побелат. Потоа, постепено додавајте шеќер и цврсто изматете ги. Додавајте ги жолчките една по една и матете ги за да добиете пенеста смеса. Потоа, додајте млеко и масло и соединете ги со матење. На крајот, на 2-3 пати додавајте мешавина од брашно и прашок за печиво. Брашното соединете го со смесата со лажица.

Сипете половина од тестото во плехот и ставете го да се пече само колку тестото малку да се стегне на површината. Извадете го плехот и густо распоредете ги вишните. Прелејте ги вишните со другата половина од тестото и вратете го колачот да се испече до крај (околу 30 минути или пробајте со чепкалка дали колачот е печен). Печениот колач оставете го да се олади, па посипете го со шеќер во прав. Пресечете го колачот на коцки и послужете го.

Сладок грев на којшто нема да можете да му одолеете: Овој колач е кремасто свршенство од вкусови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.