МОРА ДА ГИ ИМАТЕ: Топ 10 најубави мириси што мажите обожаваат да ги почувствуваат кај жените!

Најдобрите парфеми

Мирисот на жената останува незаборавен, затоа многу е важно кој парфем ќе го одберете

Изборот на вистинскиот парфем е многу важен за секоја жена, бидејќи придонесува за нејзината неодоливост. Иако понудата е богата, постојат одредени класици што никогаш нема да излезат од мода, а мажите обожаваат кога ќе ги почувствуваат кај спротивниот пол.

Мошусни, пудрести, цветни или цитрусни – комбинацијата на миризливи ноти во овие прекрасни шишенца сигурно ќе ве воодушеви, па одберете некој од овие парфеми за вашата колекција.

Chanel Coco Mademoiselle

Воведот на овој парфем ќе ги разбуди вашите сетила со блескавата комбинација на слатки цветови од портокал, бергамот и сочна мандарина. Најдолго на вас ќе остане базата на овој парфем, која крие слатки ноти на бел мошус, ориентална ванила и ветивер.

Giorgio Armani Si Passione

Во мирисот Si Passione ќе ја препознаете карактеристичната миризлива трага на Si – нектар од црна рибизла во комбинација со ноти на круша. Страстен, современ, опоен и ултраженствен мирис – како створен за силните жени!

Yves Saint Laurent Libre

Мирис што се темели на мажествена лаванда и женствени, сензуални, впечатливи ноти на цвет од портокал. Овој единствен спој создава неспоредливо вибрантна нота. Уникатната комбинација на мириси се содржи во архитектонски дизајнирано шишенце, на кое доминира логотипот на брендот „Ив Сен Лорен“.

Lancome Idole

Idole ѝ е наменет на новата генерација жени. Чист, цветен мирис со цитрусни елементи. Најтенкото шишенце на светот е инспирирано од Ајфонот и е вистински моден додаток. Смел и женствен мирис, што останува на кожата во текот на целиот ден.

Chloe Nomade

Женствен, цветен мирис со префинет потпис. Разновидна мешавина на фрезија и дрвенесто-мошусни ноти. Инспириран од убавината на светот, овој мирис е за автентични и самоуверени жени.

Calvin Klein Women

Парфемската вода за жени Calvin Klein Women е создадена во чест на жената и женственоста во сите облици. На секоја жена ѝ дава сила и храброст да ги исполни своите соништа и ѝ дава сигурност да биде своја.

Narciso Rodriguez For Her Pure Musc

Заводлив и сензуален мирис кој настанал во средиштето на мошусното срце. Новиот мирисен ритуал на „Нарцисо Родригез“ носи интимен момент и остава елегантна миризлива трага што ја истакнува самодовербата на секоја жена.

Burberry Her

Овој мирис го отсликува енергичниот и космополитскиот дух на метрополата. Парфемот се отвора со мирис на градина полна со овошје, а базата ја грее топлината на дрвенестите ноти. Заштитно лице на овој парфем, кој поседува нежна и неодоливо модерна миризлива нота, е светски познатата топ-моделка Кара Делевињ.

Carolina Herrera Good Girl

Во култното шишенце во форма на златна потпетица, се крие комбинација на традиционални и иновативни состојки, кои како да ги пресликуваат добрите страни на секоја жена.

Salvatore Ferragamo Amo Ferragamo Flowerful

Цвет. Сила. Експлозија на цветови и бои – тоа е магичната формула на Amo Flowerful, новото мирисно поглавје во франшизата Amo Ferragamo. Младешки, буен, свеж мирис, чист израз на радоста на живеењето, со заразен оптимизам и блескава енергија.

Мажите обожаваат кога ќе ги почувствуваат овие 3 парфеми на жените: Дознајте кои мириси ги доведуваат до лудило!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.