Гулаш со пилешко месо: Врвно гурманско јадење за сите сетила!

Ручек за денес

Можеби ви звучи комплицирано, но гулашот со пилешко месо е јадење што му успева буквално секому

Не мора да бидете врвни готвачи за да ви успее овој гулаш. Сè што треба да направите е да ги следите нашите насоки и ќе добиете „јадење на лажица“ што заситува.

Состојки:
  • 300 г кромид (2 малку поголеми главици)
  • 1 среден морков (80-100 г)
  • 2 чешниња лук
  • 60 мл масло
  • 600 г пилешко филе
  • 1 рамна лажица црвен пипер
  • сол, бибер, зачини по вкус
  • 150 мл пасирани домати
  • 100 + 400 мл вода
  • лавров лист
  • кари, по вкус
Приготвување:

Издинстајте ги кромидот и морковот. Додајте пилешко филе сечкано на мали коцки. Кога месото ќе почне да се лепи за тавчето, додајте пасирани домати и малку вода. Гответе додека зоврие сето тоа. Додајте лавров лист и преостанатите зачини, па гответе уште малку. Послужете со пире од компири.

Готвач ја открил тајната на совршениот гулаш: Вака се приготвува највкусното јадење на лажица!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.