Нашата прва дама Елизабета Ѓорѓиевска изгледаше ВАКА на црвениот килим во Шпанија: Kралицата Летиција воодушевена! (ФОТО)
Ја дотера ОВОЈ македонски креатор
Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓорѓиевска вчеравечер присуствуваше на вечера организирана од кралот на Шпанија, Фелипе Шести и кралицата Летиција.
Вечерата беше организирана за лидерите кои учествуваат на Нато-самитот, кој се одржува во Мадрид.
Елизабета беше дотерана во црвен фустан со истакната половина, а затворен во предниот дел, без деколте. Така фустанот ја следи убавата силуета на првата дама, претставувајќи ја во полна елеганција и грациозност.
Креацијата е на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов.
Изгледот е заокружен со чевли со висока потпетица во црвена нијанса и плико-чантичка во истиот тон.
Погледнете како изгледаше нашата прва дама до кралицата Летиција…
View this post on Instagram