Тина Кунаки првпат на црвениот килим по разводот од Венсан Касел: Никој не очекувал вакво однесување од манекенката!

Како ви се допаѓа?

Тина Кунаки се појавила во Кан и сите ги засенила со својата неверојатна убавина

Тина Кунаки (26) се појавила на црвениот килим во Кан, и тоа првпат во јавност по разводот од актерот Венсан Касел (56). Тина изгледала неверојатно во металик фустан, закопчан до грло.

Овој неверојатен фустан се припивал до згодното тело на Тина Кунаки, која ја носела косата во високо подигнато опавче за да го нагласи елегантниот фустан.

Меѓутоа, сите забележале дека манекенката воопшто не се смее, напротив, очите ѝ биле исклучително тажни. Забележувајќи го тоа, фотографите ја засмејувале со желба да ја фотографираат Тина Кунаки насмеана, но тоа едвај им успеало.

Ова е нејзиното прво појавување по озборувањата за разводот, а изгледа дека иницијаторот бил Венсан, кој прв ги избришал сите заеднички фотографии од Инстаграм.

„Се разведоа пред неколку недели. Тина е скршена“, изјавил анонимен извор.

Венсан пред 5 години се оженил со Тина, со која претходно бил во врска речиси две години. Тогаш многумина му замерија на актерот што ја завел младата Тина, која била едвај полнолетна кога започнала врска со него. Двојката во 2019 година добила и ќерка Амазонија.

Тина со месеци не објавуваше фотографии на Инстаграм, особено не такви на кои е со Венсан, па нејзините обожаватели коментираа: „Каде ти е сопругот?“

Двојката никогаш нема официјално објавено дека се развеле.

Откако ја оставил повозрасниот сопруг, си го покажала своето вистинско лице: Еве како убавата манекенка го надминува разводот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.