Слатка како шеќер! Пенелопе Круз во барби-издание во кое не можеме да престанеме да ја гледаме (ФОТО)
Бојава е создадена за неа!
Пенелопе Круз се појави на фестивалот „Трибека“ во Њујорк и уште еднаш покажа дека нејзиниот вроден огнен сензибилитет и природна убавина немаат конкуренција, дури и кога избира не толку ласкаво модно издание.
Познатата Шпанка на фестивалот пристигна во долг свилен розов фустан со дискретен дезен во облик на коцка, а оваа креација ја потпишува брендот „Шанел“, чија долгогодишна амбасадорка и муза е токму таа.
Всушност, Пенелопе веќе со години на сите јавни настани носи исклучиво парчиња од оваа модна куќа, а овој пат таа избра елегантна креација со прерамки, која пред се’ остава силен впечаток благодарение на светлата, впечатлива боја.
И покрај тоа што овој фустан го краси благодарен крој, кој им прилега на повеќето жени, ни се чини дека сепак не беше најсреќното решение за Пенелопе, иако розовата боја фантастично ѝ прилега.
Дали ви се допаѓа ова издание?
Фото: Getty Images