Беше БОЖИЦА на супермоделите, а денес има 53 години и можеби е единствената жена во Холивуд која старее ПРИРОДНО и изгледа толку ВОЛШЕБНО (ФОТО)

Ѝ се лоши од операциите

Таа е една од најмоќните супермодели кои владееле со 1990-тите, но е и една од ретките во суровиот свет на светскиот шоубизнис кои не подлегнале на трендот на естетската хирургија, покажувајќи како се старее со стил и како изгледа вистински природна убавица во шестата деценија.

Кристи Тарлингтон се појави на фестивалот Трибека во Њујорк, рака под рака со својот сопруг Ед Барнс, покажувајќи дека во неа сè уште се крие истиот супермодел од пред речиси 30 години!

Прославената манекенка блесна во елегантен свилен фустан во боја на старо злато, кој ја истакна нејзината вита, висока фигура, а го искомбинира со црни сандали, црн појас околу половината и чанта на рамото.

Kristi na Tribeka festivalu Интересно е што 53-годишната манекенка е една од ретките жени кои му одолеаја на предизвикот на „вечната младост“, одлучувајќи природно да остари, бидејќи единствен инструмент на патот да ја зачува убавината ѝ е здравиот начин на живот и активната нега.

До неодамна, сите тие работи не ни постоеја, колаген, масни клетки, сите оние луди работи кои луѓето ги прават за да се подмладат, а кои не можам ни да ги замислам. Прво, немам време за сето тоа, второ, мислам дека воопшто не изгледа добро. Можеби поинаку би размислувала доколку би сметала дека на крајот изгледа убаво, дека не боли или дека не испраќа лоша порака до младите. Но, сè уште не сум видела некој да го направи тоа и си помислив – добро, тоа не е добра идеја. Сето тоа ми изгледа многу чудно“, објасни еднаш Кристи.

Kristi na početku karijere

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.