Вртоглава потпетица од 20 и кусур сантиметри: Иконата на стилот прошета во бомбастично издание (ФОТО)

Смело, но и заводливо, нели?

Не знаеме како се движи во нив, но изгледа ВРВ!

Хејли Бибер вчера се прошета низ Њујорк во неверојатна комбинација, со што уште еднаш докажа дека дефинитивно важи за икона на стилот на генерацијата Z и за една од најдобро облечените жени во светот.

Сопругата на Џастин Бибер го одзема здивот во едноставно и модерно, а сепак многу секси-издание, кое никого не остави рамнодушен.

Убавата манекенка избра предимензионирано сако во сива боја и со кариран дезен, под кое очигледно не носи градник, а дали носела шорцеви или само гаќички – останува непознато.

Hejli u karo sakou

Оваа одлична парче е со потпис на брендот Saint Laurent и е од колекцијата пролет 2022 година, а Хејли одлучи да го носи наместо фустан и со тоа да ги привлече погледите на минувачите и на насобраните.

Hejli Biber

Но, највпечатливи, секако се нејзините обувки – црни, лакирани сандали со убиствена потпетица од 20 сантиметри и огромна платформа. Смело, но и заводливо, нели?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.