Меган Маркл го покажа синот по 2 години: Арчи е цел на принцот Хари, а ова му е омилената занимација!
Погледнете
Синот на Хари и Меган неверојатно личи на татко му, се пофалила војвотката од Сасекс за време на гостувањето во шоуто на нејзината пријателка, познатата водителка Елен Деџенерис
Во текот на емисијата, на голем екран била прикажана фотографија од двегодишно момче, направена во кокошарник на семејниот имот во Калифорнија.
Иако е фотографиран одзади, јасно е дека малиот Арчи неодоливо потсетува на принцот Хари, најмногу поради црвената коса.
„Многу е сладок со кокошките. Арчи е многу нежна душа“, констатирала водителката.
Меган се заблагодарила и открила уште некои детали од животот на своето прво дете. На пример, тоа дека го обожава цртаниот филм „Прасето Пепа“.
Синот на Хари и Меган последен пат во јавност се појавил во септември во 2019 година, кога имал четири месеци. Тогаш последен пат јасно го видовме неговото лице.