Џенифер Анистон изгледа исто како пред 20 години: Оваа комбинација би ја одобрила и Рејчел Грин!

Како ви се допаѓа?

Џен совршено понела едноставна комбинација на која ништо не би можело да ѝ се додаде, ниту да ѝ се одземе

И покрај бројните актерски улоги што Џенифер Анистон ги изигра во текот на децениите по емитувањето на серијата „Пријатели“, таа секогаш ќе нѐ потсетува на нејзината улога Рејчел Грин.

52-годишната актерска се појавила на почетокот на неделава во западен Холивуд во лежерно издание што потполно го отсликувал имиџот на „девојка од соседството“.

Ѕвездата од „Утринско шоу“ била видена како накратко излегува од локацијата со својот долгогодишен публицист Стивен Хуван.

Џен совршено понела едноставна комбинација на која ништо не би можело да ѝ се додаде, ниту да ѝ се одземе.

Основата на нејзиниот стајлинг биле темносини фармерки со рамен крој и обичната црна ролка, која како главен моден предмет оваа сезона може да се види насекаде.

Џенифер изгледала потполно блескаво и свежо во оваа комбинација што ја надградила со кафеав „теди“ капут и чанта „Дијана“ на Гучи во црна боја и со легендарни рачки од бамбус, кои ѝ дале доза екстраваганција и луксузен финиш на целата комбинација.

Горниот дел го споила со пар црни чизми од превртена кожа и со тоа го заокружила целиот стајлинг.

Познато е дека Џенифер вежба пилатес со години, а нејзиниот ненаметлив младешки изглед навистина е инспиративен.

Како ви се допаѓа овој изглед на Џенифер? Дали би го ископирале?

Џенифер Анистон покажува како да го испочитувате канцеларискиот кодекс на облекување и да изгледате секси
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.