Таа ѝ е роднина на Кејт Мидлтон: Позирала за „Плејбој“, чита Тарот карти и настапува како стриптизета!

Катрина Дарлинг

Катрина Дарлинг, роднината на војвотката Кејт Мидлтон, не е позната за пошироката јавност

Кога Кејт штотуку се венча со принцот Вилијам, испливуваа разни приказни за тоа со што сѐ Катрина се занимава, а наводно, добро е платена за да не го промовира нивното крвно сродство. Меѓутоа, таа сѐ уште е провокативна бурлескна танчарка, само што не зборува многу за Кејт.

Години откако заработила од своите кралски врски, танчарката на бурлеска, која сега има 31 година, се преселила од Сандерленд во Лондон, недалеку од домот на Кејт во Кенсингтонската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Darling (@katrinadarling)

Таа исто така нуди услуги за читање тарот-карти во луксузни лондонски хотели.

Анонимен извор во едно интервју изјавил:

„Катрина трчаше наоколу и се претставуваше како кралска роднина кога Кејт се обидуваше да ги преживее своите први денови како официјална членка на монархијата, и тоа не беше лесно.“

„Кејт е известена дека Катарина сега живее во Лондон и дека сѐ уште работи како стриптизерка, и многу се фрустрира поради тоа. Нејзиното семејство не ја ни познава Катрина и фактот што таа сѐ уште тргува со своите кралски врски е многу разочарувачки.“

Во 2011 година, Катрина открила дека е во сродство со Кејт и не престанала да ужива во можностите што ѝ се пружиле благодарение на семејните врски.

Следната година, на тогаш 22-годишната девојка ѝ бил платен шестцифрен износ за да се слика за списанието „Плејбој“.

И покрај далечната кралско-роднинска врска (бабата на Катрина му е сестра на прадедото на Кејт, Томас Харисон), танчарката на бурлеска уживала во погодностите и ги изведувала своите точки на песната God Save the Queen.

Дури и Хју Хефнер твитувал за сензационалистичките фотографии на Катрина во неговиот магазин.

https://twitter.com/hughhefner/status/223557234746064896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E223557234746064896%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F164669%2Fona-je-rodjaka-kejt-mildlton-pozirala-za-plejboj-cita-tarot-nastupa-kao-striptizeta-foto

„Катрина Дарлинг, втора братучетка на британската војвотка Кејт Мидлтон, предизвикува сензација во септемврискиот број на Плејбој“, твитувал тој тогаш.

Катрина и понатаму се занимава со својата работа, а Кејт успеала да ги прекине сите врски со неа. Барем за сега.

Таа била најбогатата жена во Шпанија и скандал-мајстор во кралското семејство: Никогаш не ѝ го простиле ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.