Не сте ни свесни колку овие намирници ви ја „цицаат“ енергијата: Еве зошто сте постојано уморни!

Обрнете внимание

Фото: Getty Images

Сите знаеме дека енергијата во текот на денот ни расте и ни паѓа

Многу фактори влијаат врз падот на енергијата, но постојат намирници што буквално ве исцрпуваат. Експертите советуваат дека идеално би било да ги одбегнувате во текот на денот…

Бел леб, тестенини и ориз

Преработените зрна, како оние во белиот леб, тестенините од бело брашно и оризот, можат да бидат главни виновници за одземање на енергијата на човекот. Тоа е така, најмногу поради тоа што корисните зрна се отстрануваат во текот на обработката. Вака преработените зрна содржат ниско ниво на влакна и имаат тенденција да се дигестираат и апсорбираат побрзо од целите зрна. Резултатот е брз пораст на шеќерот во крвта, а со тоа и на инсулинот, па набрзо следува ненадеен енергетски пад.

Алкохол

Иако алкохолот може да ви помогне да се чувствувате поопуштено и полесно да заспиете, во зависност од количината што ја консумирате, следното утро може да се разбудите помалку одморени. Истражувањата покажуваат дека кога е во пониска до умерена количина, алкохолот не влијае многу врз квалитетот на спиењето или врз траењето на сонот. Тоа се дефинира како еден или помалку стандарден пијалак дневно за жени и два или помалку стандардни пијалаци за мажи.

Кафе

Кога се консумира умерено, кафето може да има позитивни физички и психички ефекти. Истражувањата покажуваат дека кафето помага за намалување на ризикот од развој на невродегенеративни болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест). Исто така, 18 истражувања објавиле дека кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2. Меѓутоа, доколку редовно пиете кафе, наместо да се храните правилно и да спиете доволно, оваа навика со текот на времето ќе ви ја истроши енергијата.

Похувана и пржена храна

Похуваната и брзата храна исто така е енергетски неповолна, поради тоа што главно содржи високи количини на масти и ниски количини на влакна, што доведува до забавено варење. Побавното варење може да ја намали брзината со која хранливите материи влегуваат во крвотокот и нивното искористување, па така енергетските процеси во телото се забавени.

Нискокалорични намирници

Кога ќе дојде време за грицкање, некои луѓе се одлучуваат за нискокалорични верзии на својата омилена храна, верувајќи дека тие се поздравиот избор. Меѓутоа, со тоа што вклучуваат премногу вакви намирници во нивната исхраната, може да се доведат до тоа да внесуваат недоволен број на калории во текот на денот, што може значително да го намали нивото на телесна енергија.

Овој прехранбен производ значително го зголемува нивото на холестерол: Ако сакате да сте здрави, што побрзо исфрлете го од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.