Најдобрата баклава на светот: Славниот готвач на десерти ја додава ОВАА посебна состојка!

Фантазија од вкусови

Кај најдобрите слаткари, рецептот за баклава не застанува на ореви, путер и шеќер… еве што е неопходно за да биде највкусна

Славниот готвач и слаткар Пол Холивуд ги знае сите тајни на источната кујна, па така открил дека во својот рецепт за баклава задолжително додава и една посебна состојка – ружина вода.

Оваа префинета течност, која се прави од „дамаскни“ рози, ја дава таа фантастична арома што го исполнува целиот дом кога се приготвува овој десерт.

Пол вели дека доволна е само една лажица ружина вода за полн плех баклава, па затоа не мора да штедите кога ќе го набавувате овој драгоцен сладок зачин.

Неговиот рецепт за баклава се базира на корите што самиот ги расучува од половина килограм брашно, 2 јајца и околу 150 г маснотии (половина од нив може да бидат путер, а половина растително масло).

Меѓутоа, тој во тестото додава и околу 150 мл грчки јогурт, како и 1 лажица бело вино.

За расучување, ја посипува површината со пченкарно брашно за поубаво да се одвојуваат корите.

Во филот става цели 700 г јаткасти плодови, а претпочита да става половина ореви, половина ф’стаци. При филувањето додава дури 400 г путер.

Сепак, главното финале е сирупот што го прави од 350 г мед и 150 г шеќер, со додаток на ружина водичка и крукчиња лимон. Пробајте!

Слаткарски трикови: Научете како да го приготвите ориенталниот класик – баклава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.