Најскандалозниот испад на Меган Маркл: Кралското семејство веројатно сака да пропадне во земја од срам! (ФОТО, ВИДЕО)

Зини земјо голтни ме!

Дали би можеле да ја замислите војвотката од Сасекс како пие млеко од шише и како јаде како верверичка во телевизиска емисија? Сега и тоа се случило

Деновиве исплива информација дека Меган Маркл и принц Хари немаат намера да го поминат Божиќ со кралицата Елизабета и со остатокот од семејството во Сандрингем. Иако најпрво изгледаше дека тоа не е очекуван потег од нивна страна, сега никој не ни мисли дека тие двајца би требало да отпатуваат во Велика Британија.

Војвотката од Сасекс гостувала во емисијата на водителката Елен Деџенерис, а во таа пригода најпрво зборувала за тоа колку е среќна во Калифорнија со Хари и нивните две деца.

Според британските медиуми, таа повторно се обидела да се дистанцира од кралското семејство, а тоа најмногу го направила така што глумела за скриена камера, при што ја покажала својата најбудалеста страна.

Меган имала задача да се пошегува со уличните продавачи и тоа така што ја слушала секоја инструкција што Елен ѝ ја шепкала на уво. Меган на улица прво го допирала својот нос и лакт, потоа направила едно клекнување, а потоа следувало вистинско шоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The New Daily (@thenewdaily)

Продуцентката на шоуто на Елен им кажала на уличните продавачи дека таа ѝ е помошничка на Меган Маркл и дека сака нормално да пазари, па ги замолила сите да ја третираат нормално.

Меган потоа направила шоу: прво гледала кристали на штанд, а потоа Елен ѝ наредила да стави еден на главата и да почне да стенка.

„Ќе го ставам ова на мојата глава“, рекла и ги затворила очите.

„Ова е прекрасно“, додала Меган.

На следниот продавач, кој продавал лути сосови, Меган му скокала пред очи и се распрашувала за оваа храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

„Дајте ѝ на мама да го проба ова! Мојот сакан обожава лути сосови“, рекла и почнала да грицка чипс како верверица.

„Не пикантно, дајте ми нешто навистина лути, мамичка сака да се олути“, викала Меган.

„На мамичка ѝ треба млеко“, викнала и од торбата извадила детско шишенце со млеко и почнала да го пие, а продавачот бил во шок.

Третиот продавач го прашала дали мамичка може да проба кекс, па и него го јадела како верверица, а потоа раскажала виц на кој сама се смеела на глас, па ја збунила продавачката.

Својот перформанс го завршила со тоа што одлучила да покаже како ги забавува своите деца, па почнала да танцува како мачка и да мјаука!

Меган Маркл раскажа како ѝ изгледал животот пред да се омажи со принцот Хари (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.