Ако сте бремена, постојат знаци кои го откриваат на полот на вашето новороденче.
Родителите често сакаат однапред да знаат кој е полот на детето. Секако дека тоа најдобро се докажува со ултразвук. Но, еве неколку можни знаци дека носите момченце!
1. Висок или низок плод
Најпрепознатлив знак е дека машките плодови се носат ниско. Но има и многу жени кои ќе го негираат овој фактор. Не постои ниту некоја посебна причина зошто машкиот плод може да биде пониско поставен…
2. Доколку урината има темнорозова боја
Всушност, може и од бојата на урината да се погоди дали носите момче или девојче. Доколку бојата е потемна розова – тогаш е момче. Па доколку не ви е мачно, проверете го ова.
3. Слатко и кисело
Едни од забележливите знаци дека носите момче се: немате многу апетит, но сакате постојано јадењето да го дегустирате и да биде вкусно. Доколку е девојче, ќе имате поголема потреба од слатки јадења.
4. Десната брадавица
Големината на брадавиците е еден од 100% најточните методи за проверка на полот. Десната града е поголема во тој случај. Иако повеќето жени и природно немаат изедначена величина на градите, сепак, доколку ја забележите таа необична промена, можете да се надевате дека е вистински знак.
5. Клучот на мистеријата
Тестот навистина се однесува на вистинскиот ваш, личен клуч. Ова малку преоѓа во суеверие и изгледа чудно, но го земаме предвид… Доколку кога го земате клучот го фаќате за тркалезната страна, тогаш е машко, а доколку го фаќате на врвот, тогаш се работи за женско, па проверете.
Овие факти кои ги наведовме, не мора да се сфаќаат премногу сериозно, и здраво за готово, сепак, доколку проверувате, се надеваме дека барем ќе ви биде забавно.