Беби блуз: Доживување безпричинска депресија

Постопородилна депресија

Иако раѓањето на детето за повеќето жени претставува најсреќен настан во животот, секоја родилка доживува стрес и депресија во помала или поголема мера.

Чувството на депресија и доживувањето на безпричинска тага во моментите кога мајката би требало да биде среќна затоа што родила здраво дете, се многу пораспостранети отколку што мислиме. Во 80% од случаите, жената по породувањето може да доживее промени во својата психичка состојба. Тоа е период во кој новопечената мајка е многу осетлива, чувствува тегоби, а расположението ѝ се менува со брзина на светлината.

Овие симптоми, за неколку недели, најчесто исчезнуваат сами од себе, па на повеќето жени не им е потребно никакво лечење, меѓутоа, доколку психичката состојба не се стабилизира во тој период, тогаш станува збор за поспартална (постпородилна) депресија.

Апчиња за постпородилна депресија еден ден би можеле да бидат достапни во нашите локални аптеки, по неодамнешното одобрување од САД на првата пилула од тој тип – Zurzuvae. Со повеќе од половина милион жени кои страдаат од постпородилна депресија секоја година само во САД, ова може да направи значителна разлика кога станува збор за менталното здравје на мајките.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.