Благодати што може да ви ги донесе престојот на море за време на студените денови

Mожеби не сте размислувале доволно за оваа можност?

Фото: Unsplash

Овој метод на изложување на студ се темели на древна хиндуистичка дисциплина на свесно дишење – пранајама. Методата се состои од три целини: свесно дишење, изложување на студ и медитација.

Отсекогаш мечтаев да живеам покрај море. Сепак, ме колеба помислата како изгледа морето во ноември и декември, дали е тажно да гледаат собраните лежалки и чадори за сонце, колку е меланхолично кога деновите се кратки и не можеме да уживаме во нив…

Ми текна дека никогаш немам проверено како изгледа животот покрај море вон летната сезона, па одлучив да ги спакувам куферите и да проверам. Но пред поаѓањето, дојдов до одредени информации за придобивките од престојот на морскиот брег вон летната сезона, кои ги споделувам со вас.

Наесен, не само што ќе пронајдете прекрасни локации за одмор кои се многу подостапни отколку налето туку ќе можете и во мир да ги разгледате знаменитостите што вреди да се видат.

Ако купите кафе за носење и тргнете во прошетка во удобни обувки што не пропуштаат влага, ќе слушнете дека песокот под вашите стапала чкрипи сосема поинаку отколку налето кога е вжештен од зраците на сонцето. Сосема ново искуство.

Нежното кршење на брановите од брегот и нивното шумливо повлекување е медитативен звук, а морската шир пред вас е многу помирна одошто налето – повеќе го гледате морското синило одошто бродскиот сообраќај. Магично.

Тишината на плоштадите, за која мислев дека е страшна, има лековито дејство, бидејќи вревата речиси ја нема. Тоа ви дава можност да ги исчистите мислите и да ја резимирате изминатата година, без притисок.

Морскиот воздух е лековит и викторијанските лекари на пациентите им пропишувале престој покрај море. Тој е полн со негативни јони, кој го зголемуваат впивањето на кислородот и природно го зголемуваат нивото на серотонинот, давајќи ви чувство на блаженство. Се смета дека негативните јони го реватилизираат и подобруваат имунолошкиот систем, помагајќи во прочистувањето на крвта и поттикнувајќи ги сонот и правилното варење. Високото количество сол во воздухот ги отвора дишните патишта, па дишењето станува полесно. Тоа е особено важно во зима, кога повеќето луѓе престојуваат во затворен простор со централно греење.

Пливањето во студена вода може да се практикува и во костим за пливање, сличен на она за нуркање, а доколку сте здрави, можете да пробате и екстремна варијанта на пливање во студена вода. Студената вода го зголемува бројот на бели крвни клетки, бидејќи телото реагира на промените на температурата и ги активира одбранбените механизми. Тоа е причината поради која луѓето што ја практикуваат оваа екстремна активност се поотпорни на вируси и бактерии.

Студената вода ги прочистува вените, артериите и капиларите и со тоа ја поттикнува циркулацијата. Земајќи предвид дека во студената вода срцето побрзо ја пумпа крвта, бидејќи телото мора да работи поинтензивно за да ја задржи оптималната температура, согорувањето на масни наслојки во организмот е поинтензивно во однос на пливањето во топла вода. Ова е особено значајно за оние што сакаат да се ослободат од вишокот килограми. За половина час такво пливање може да се согорат 200 калории.

Wim Hof (The Iceman) КАКО ДА СЕ ИЗВЕДЕ ТОА?

Експертите советуваат да се движите при влегувањето во студената вода за да му овозможите на телото полесно приспособување на ниската температура. Особено е важно правилното и длабоко дишење, бидејќи организмот е под стрес и може да ве фати паника. Постојат одредени техники што лесно се совладуваат. Важно е постепено да влезете во студената вода бидејќи на организмот му е неопходно време да се приспособи на ниската температура.

Ако пливате на отворено, задолжително земете некој со себе, кој ќе биде покрај вас и ќе ве бодри. Во случај да се чувствувате лошо, ќе може да ви помогне. По излегувањето од водата, немојте да се туширате со топла вода, затоплете се само и напијте се топла напивка.

Пишува: Лидија Ќулибрк

Фото: Unsplash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.