Модерни мантили за сезоната есен 2021

Хит кроеви и бои по кои Французинките „полудеа“

Со модерен мантил, впечатливи чизми и чанта, подготвени сте за оваа есен.

Не постои попријатно парче облека од мантил направен од пријатен материјал, со кое ќе се завиткате штом залади и почне сезоната на ветар и дожд.

Оваа година, акцентот е ставен на широките кроеви и огромните украсни џебови.

Жените ги освои комотниот „домашен стил“, кој модните дизајнери мораа да го прифатат по првата година од пандемијата на коронавирусот, кога 80% од жените „мораа“ да работат од дома.

Завладејаа тренерките, дуксерите и широките џемпери, па сега на оваа мода одговараат „раглан“ ракавите, под кои можете да се облечете слоевито, односно има простор за многу волна и памук.

 

Оние „поженствените“ ќе се одлучат за мантили со цветен принт, а дамите вљубенички во поспортски варијанти избираат ситен или покрупен пепито-дезен. Со ваков мантил, убава чанта и шик чевли – подготвени сте за оваа есен.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.