ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 7 октомври: Било поминало – имајте го тоа на ум!

Астро-прогноза

Терезијата е несреќна во љубовта, Близнаците ги очекува финансиска добивка, Јарецот склопува пријателства

ОВЕН

Можно е сега да не ви одговара да се занимавате со работа во која се вклучени поголеми групи на луѓе, обврските претпочитате да ги завршувате сами. Доколку сте планирале некој посериозен разговор со саканата личност, сега е време да го направите. Чувајте се од повреди.

БИК

Не ви е лесно да донесете нови работни одлуки и ве кочат некои дилеми денес. Доколку имате партнер, ве очекува поволен ден во кој ќе го подобрите односот меѓу вас. Ви се враќаат хроничните проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Можно е денес да ви се случи помала штета на работа. Погрижете се за вашите обврски. Можно е подолго време да сте биле осамени и тоа повеќе никако не ви годи. Одбегнувајте алкохол.

РАК

Најдобро е денес да си земете слободен ден и да не се занимавате премногу со работни обврски за да не дојде до проблем. Внимавајте да не претерувате со љубомората која би можела да почне да ве оптоварува. Одете на лекар.

ЛАВ

Ќе бидете генерално опуштени и подготвени да ѝ се посветите на вашата работа на еден смирен, зрел и одговорен начин. Имате добар однос со саканата личност и среќни сте кога сте заедно. Се чувствувате многу добро.

ДЕВИЦА

Максимално сте ангажирани и работата ви е на прво место. Повеќе немате никакви сомнежи кога станува збор за емоциите, знаете кого сакате и кој ви треба покрај вас. Ви годи поинтензивна активност.

ТЕРЕЗИЈА

Можни се значајни финансиски пресврти наредниов период. Ве очекува подобрување на ситуацијата. Ве очекува ден кој не е многу поволен за љубов. Никако не ви е лесно да постигнете хармонија во љубовта. Зголемен апетит.

СКОРПИЈА

На некој начин оптоварени сте со грижи и проблеми. Ви претстои период во кој нема да ви биде лесно да разрешите сè. Ве очекува ново познанство што може да внесе повеќе среќа и возбуда во вашиот живот. Можна е силна главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Можете да очекувате дека денес ќе имате позитивни околности на работа и дека среќата ќе биде на ваша страна. Ви се допаѓа личност што неодамна сте ја запознале и полека смислувате начин да ѝ се приближите. Можна несоница.

ЈАРЕЦ

Ќе бидете многу напнати и нервозни што може негативно да се одрази на вашата работа. Кога станува збор за љубовта, ви претстои фаза во која ќе имате поголеми дилеми и сомнежи. Можни проблеми со циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Работната ситуација не ви е стабилна и тешко ви е да се помирите со тоа. Ве очекува неповолен период за промени. Ве очекува фаза на оддалечување од саканата личност. Се плашите да не дојде до раскинување. Проблеми со грбот.

РИБИ

Ве очекува можност за работа што ќе ви донесе напредок во кариерата. Посветете им се на вашите цели. Ве очекува интересно познанство. Можете да очекувате позитивни околности на овој план. Се чувствувате многу добро.

За овие 3 хороскопски знаци, oктомври ќе биде најубавиот месец годинава
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.